Енергетска Ефикасност

Врати се...


Ефикасно користење на електричната енергија

Поголемиот дел од енергијата што ја употребуваме денес доаѓа од јагленот, нафтата или природниот гас. Овие горива се познати како фосилни и потребни им се милиони години за де се формираат. Не може да се создадат за кратко време и не се обновливи. Треба да ефикасно да ја користиме енергијата што повеќе можеме. И ти можеш да помогнеш!


Намали го сметот

Најдобар начин за заштеда на енергијата е ефикасно и подолготрајно користење на работите. Не употребувајте хартиени чаши и чинии секојдневно, зошто ги употребувате еднаш и потоа ги фрлате. Пишувајте на двете страни од хартијата. Употребувајте кутии за јадење и термоси во замена за хартиените кеси и чаши.
Подобро е да купите едно големо шише сок отколку шест мали или купете едно големо пакетче бонбони отколку десет мали. Смалувањето на потрошувачката штеди енергија и придонесува за нејзино ефикасно користење. Потребна е енергија за да се направат работите и за да се ослободиме од нив. Најдобро е да се купуваат производи кои имаат помалку амбалажа. Некои слатки имаат повеќе пластика околу нив отколку јадење во нив. Каква штета!


Повторна употреба на работите

Потрудете се да ги користите производите повеќе од еднаш. Можеш да ги испереш пластичните кесички од сендвичите и да ги употребиш повторно. Со стриповите од весниците можеш да завиткуваш подароци. Купувај играчки на распродажба ќе заштедиш и енергија и пари.
Обои го повторно стариот велосипед на сестра ти наместо да купуваш нов. Твоите стари алишта и играчки дај ги на некој на кому му се потребни. Не фрлај ги.


Рециклирање

Голем број работи може да се рециклираат како што се: лименките, хартијата, стаклото и пластиката. Потребно е кратко време за рециклирање, а тоа штеди многу енергија. Количеството на енергија што е потребно за да се ископа метал и да се направи лименка е навистина големо. Но за да се направи нова лименка од старата не е потребна толку голема енергија. Лименките можат да се рециклираат повеќе пати. Пластичните шишиња може да се рециклираат во облека или теписи. Хартијата може да се рециклира во кутии и кеси. Не фрлај ништо што може да се рециклира.


Ефикасно користење на електричната енергија

Секој ден се користи многу енергија, затоа употребувајте онолку колку што ви е доволно. Не вклучувај две светилки ако ти е потребна само една.
Запомни секогаш исклучувај ги светилките, телевизорот, видео игрите и другите електрични апарати кога излегуваш од собата. Во сончев ден не вклучувај светло, читај покрај прозорецот. Тоа е наједноставен начин на заштеда на енергија.
Вратата од фрижидерот секогаш затворај ја и пред да ја отвориш размисли што сакаш за земеш. Ако налеваш пијалак не ја оставај вратата отворена, потребно е многу енергија за да се изладат работите.
Ако системот за ладење е вклучен секогаш затворај ги вратите и прозорците. Не влегувај и излегувај повеќе пати од просторијата во која седиш ако тоа не е потребно. Ако можеш, подобро е да употребуваш вентилатор и да носиш потенки алишта отколку да го вклучуваш системот за ладење.


Ефикасно користење на бензин

Потребна е голема количина на енергија за движење на автомобилот. Подобро е да пешачиш или да возиш велосипед кога ќе можеш, и да користиш јавен транспорт. Подобро качете се во автобус отколку да се возите во автомобили.


Ефикасно користење на топлина

Потребно е многу енергија за затоплување на вода и загревање на домовите. Ако е вклучено греењето, затворај ги вратите и прозорците. Подобро е да носиш потопла облека отколку да ја покачуваш температурата во просторот каде што седиш. Ноќе покривај се за да ти биде потопло.
Кога се капеш користи онолку вода колку што ти е потребно и не останувај под туш долго време. Загревањето на вода троши многу енергија.

Можеш да направиш разлика

Она што го правиш секојдневно направи го на поинаков начин. Ако секој ја користи енергијата ефикасно, прави многу. Кога ефикасно ја користиш енергијата штедиш и пари и можеш да ги трошиш на други нешта.


Порака:

Енергетски ефикасното користење на енергијата исто така помага при заштита на животната средина!


Равенство:

Енергетска ефикасност = штедење енергија = штедење пари = почиста животна средина



Проектот е поддржан од:

МЗСиПП
Преземи ја брошурата
kontakt Контакт | Имплементирано од 6-та Ѕвезда