Енергетска Ефикасност

Врати се...


Што е енергија?

Енергијата ни помага да правиме различни работи, таа ни дава светлина, ги топли нашите тела и домови. Енергијата ни помага да печеме колачиња и го одржува нашето млеко студено. Нашите телевизори и автомобили работат со нејзина помош. Енергијата прави ние да растеме, да се движиме и да мислиме. Таа има моќ да ги менува работите и способност да врши било каква работа.


Енергијата помага во растењето на живите суштества

На сите живи суштества им е потребна енергија за да растат. Растенијата користат светлина од сонцето да растат. Тие ја менуваат енергијата од сонцето во шеќери (хранливи материи) и ја складираат во нивните корени и листови. Животните не можат да ја претворат светлината во шеќери. Тие и луѓето ги јадат растенијата и ја употребуваат нивната складирана енергија за да растат. Животните можат да ја складираат енергијата од растенијата во нивните тела.


Енергијата е светлина

Светлината е вид на енергија што ја употребуваме секојдневно. Ја употребуваме за да гледаме. Најголемиот дел од светлината го добиваме од сонцето и затоа остануваме будни во текот на денот. Сончевата светлина е бесплатна.


Енергијата е топлина

Енергијата ја користиме за да создадеме топлина. Храната што ја јадеме ги одржува нашите тела топли, таа согорува и затоа понекогаш кога трчаме или многу работиме ни станува многу топло. За време на зимата нашите капути и ќебиња ја одржуваат температурата на нашите тела.
Енергијата складирана во другите растенија и работи ја користиме за создавање топлина. За да ги затоплиме нашите домови или за да подготвиме храна ние најчесто користиме дрва или природен гас. Фабриките пак користат течно гориво за производство на продуктите што ги произведуваат. Во електричните централи се користи јагленот за добивање на електрична енергија.


Енергијата помага при движење на работите

Потребна е енергија за работите да се движат. Автомобилите се движат со енергијата складирана во бензинот. Многу од нашите играчки работат на енергијата што ја создаваат батериите. Бродовите со едра пловат со помош на силата на ветерот.
По долг и напорен ден дали се чувствувате преморени? Тоа е затоа што немате доволно енергија. Затоа е потребно да консумирате храна за да ја повратите изгубената (потрошената) енергија.


Машините работат со помош на енергија

За да работат нашите телевизори, компјутери, видео игри и други направи потребна е енергија. Таа енергија е позната како електрична енергија (електрична струја). Електричната енергија ја користиме секојдневно. Таа ни дава светлина и топлина, таа ги движи работите и нашите играчки. Замислете само каков би бил животот без електрична енергија.
Електричната енергија се добива со горење на јаглен, нафта, гас, па дури и на отпадоци. Електричната енергија се создава и од енергијата што ги спојува атомите. Електричната енергија може да ја добиеме од сонцето, ветерот и водата што брзо паѓа. Понекогаш ја употребуваме и топлината од внатрешноста на земјата за да создадеме електрична енергија.


Енергијата не исчезнува

Истото количество на енергија што го има денес го имало и кога настанал светот. Кога ја користиме енергијата, не ја искористуваме до крај, туку ја менуваме во други форми. Кога гориме дрва ја менуваме нивната енергија во светлина и топлина. Кога возиме автомобил, енергијата од бензинот ја менуваме во топлина и движење.
Секогаш ќе имаме исто количество на енергија во светот. Но, сè поголемо количество од енергијата ќе биде претворена во топлина. Голем дел од неа ќе оди во воздухот. Енергијата ќе биде во воздухот, но ќе биде тешко да се употреби.



Проектот е поддржан од:

МЗСиПП
Преземи ја брошурата
kontakt Контакт | Имплементирано од 6-та Ѕвезда